Е-Обуки ЗСД
Завод за социјални дејности Скопје
Установата е основана со Одлука на Извршниот совет на СРМ со Решение бр. 09-1751 од 30.09.1961 година како Републички завод за социјални прашања – Скопје, усогласен со О.бр.23-858/1 од 13.04.1998 год. на Влада на РМ (Сл. весник на РМ 19/98), како Републички завод за унапредување на социјалните дејности, и со решение бр. 73/2000 од 31.03.2000 година од Основен суд Скопје 1 - Скопје, продолжува да функционира како ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, заведен во регистарска влошка 1-267-0-0-0.
Цел на платформата
Е-платформата за учење на далечина е алатка за проширување на вашите знаења и вештини во дејноста социјална заштита. Потребно е вашето знаење постојано да се надополнува со следење на нови и современи трендови во интерес на вашиот континуиран професионален развој. Од овие причини препорачано е годишно да следите по една до две едукации на платформата и тие да бидат согласно планот за континуиран професионален развој, изготвен со вашиот претпоставен.
Регистрирање и начин на користење
Едукациите на платформата се состојат од поставени материјали кои задолжително треба да се поминат, како прв чекор пред вклучување на видео-конференцијата. Секој учесник кој комплетно ги поминал поставените материјали од соодветно избраната едукација, се појавува на листа на потенцијални учесници на видео-конференцијата. При пополнување на оваа листа со доволен број на учесници кои го поминале материјалот, обучувачите закажуваат термин за видео – конференција, за што учесниците добиваат нотификација/покана на меилот со кој што се логирани на платформата. Од овие причини потребно е секој учесник на платформата да е логиран со функционален и активен меил и истиот редовно да го проверува. Доколку не сте регистрирани на овој начин на платформата, потребно е да креирате нов профил со функционален меил и точни податоци. ВАЖНО: При регистрирање користете кирилично писмо за внесување лични податоци, бидејќи податоците се црпат од базата и при печатење на сертификатите.
Услови за стекнување на сертификат
Издавањето на сертификатот по завршена едукација (поминати сите потребни чекори, заклучно со видео-конференцијата) се одобрува од страна на обучувачите. Поради тоа за да се стекнете со сертификат потребно е соодветно да се подготвите за активно учество на видео конференцијата со поставените материјали на платформата и да обезбедите соодветни услови за следење и активно учество. Под соодветни услови за следење на едукацијата и активно учество се подразбира: - Обезбеден соодветен простор и техничка опрема за следење на едукацијата (стабилен интернет, комјутер, задолжително вклучена камера, микрофон кој се вклучува по потреба); - Целосна посветеност на видео конференцијата за време на нејзиното траење (за време на едукацијата да не се извршуваат други работни и приватни обврски); - Активна вклученост во дискусија на видео-конференцијата со сопствени ставови, мислења и искуства. Видео-конференцијата може да ја следите повеќе учесници на еден компјутер, но за да се стекнете со сертификат, потребно е автентично да сте најавени со својот профил за да прогресот биде соодветно забележан. Горе наведените услови мора да бидат исполнети, за да обучувачот го одобри стекнувањето со сертификат.
ЈУ - Завод за социјални дејности - Скопје
Завод за социјални дејности - Скопје
Заводот за социјални дејности како јавна установа за унапредување на социјалната дејност спроведува активности за професионален развој и постапка за лиценцирање на стручните работници во дејноста социјална заштита.
Е -платформата е креирана за олеснување на начинот на едукација на стручните работници вработени во установите за социјална заштита и други даватели на социјални услуги, со можност за индивидуален пристап за следење на обуки, достапност до материјали во е-библиотеката, можност за онлајн и видео конференциски состаноци, стекнување со електронска потврда за помината обука и лесен пристап до други алатки кои ги нуди платформата.
Учете било кога, било каде – затоа што вашата стручност прави разлика!
Како стручен работник, вие сте на првата линија на поддршка и промена. Заводот за социјални дејности Ви овозможува модерен и флексибилен пристап до едукација – каде и да сте, кога и да Ви одговара. Со нашата платформа, овозможуваме континуирано професионално усовршување во согласност со Законот за социјална заштита, со цел да го зајакнеме квалитетот на социјалната работа ширум државата.